(ВИДЕО+ФОТО) Го украл шоуто – Кирк Даглас (101) дошол на Златен глобус и повторно бил „Број 1“

Кетрин Зита Џонс на доделувањето на Златните глобуси му одала почест на својот свекор кој глумел во повеќе од 90. филмови и со најголема слава се здобил во 50. и 60. ттите години. Првата улога ја одиграл на 30. години.
„Мојот свекор, оваа жива холивудска легенда, Кирк, во 1991. година ја препознало Здружението на писателите во Америка поради неговата улога во затворањето на „холивудската црна листа“ поради која на некои им е забранета работата во филмската индустрија“ рекла Кетрин Зита Џонс (48) на доделувањето на Златен глобус.
Глумицата одала почест на кариерата на Кирк Даглс (101), таткото на својот сопруг Мајкл Даглас (73) со кого излегла на сцената за да доделат награда Златен глобус. Кирк помогнал да се укине црната листа на која се наоѓале работници од филмската индустрија кои биле обвинети за поврзаност со комунизмот.
Глумецот во 1960. година за филмот „Спартак“ во кој ја играл главната улога, го вработил сценаристот Џејмс Далтон Трумбо и инсистирал неговото име да биде напишано покрај тој проект. Американските власти го истражувале Трумбо бидејќи во својата работа покажувал „комунистичко влијание“.


Даглас скромно се осврнал на зборовите на својата снаа Зита Џонс.
„Се’ кажа. Би направил говор, но не сакав да го кажам сето тоа. Не можев да те следам“ рекол легендарниот глумец, продуцент и режисер смеејќи се и почнал да ја чита номинацијата за наградата.
Со своето учество на 75. Златни глобуси, иако во центарот на вниманието била најавена средбата на Џенифер Анистон и Ангелина Џоли, сепак, сета слава и шоу го украл токму Кирк Даглас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …