(ФОТО) ЕМОТИВНО – Сите кои прочитале завршиле со солзи: Девојка (35) неколку дена пред да почине од суровата болест си напишала проштално писмо – за родителите, пријателите, партнерот!

Бејли Џин Матесон имала само 35. години кога на 5. април починала од леиомиосарком, рак на мекото ткиво во абдоменот.
Кога болеста, пред две и пол години, и била дијагностицирана, докторите и дале само 12. месеци живот, но таа по некое чудо преживеала и не била на хемотерапија.
Сепак, таа почувствувала дека се ближи крајот на нејзиниот живот па сама си напишала проштално писмо, непосредно пред смртта.


View this post on Instagram

Selfie with Mom and Dad! ♥️


A post shared by Bailey Matheson (@baileymatheson84) on


„На моите родители, благодарам што ме поддржувавте мене и моите одлуки во текот на мојот живот. Се сеќавам дека мама секогаш зборуваше дека губењето на детето е нешто најлошо што може да им се случи на родителите. Моите родители ми пружија најголема подршка кога одлучив да не одам на хемотерапија и остатокот од животот да го поминам онака како што сметав дека треба. Знам колку беше тешко да се гледа кога го прекинав лекувањето и пуштив природата да се погрижи за мене. И’ двајцата ве сакам уште повеќе поради тоа“, порачала Бејли.
Понатаму им заблагодарила и на пријателите, чија грижа и посветеност како на единица без браќа и сестри, ја ценела двојно.
„Никогаш не мислев дека можам толку многу да ги сакам моите пријатели. Вие со вашата безрезервна љубов и подршка овој тежок период ми го направивте поподнослив и помирен“, додала.

View this post on Instagram

#fun

A post shared by Bailey Matheson (@baileymatheson84) on

Потоа Бејли го спомнала својот партнер Брент, кого го запознала само три месеци пред шокантната дијагноза.
„Немаше поим во што се вовлече кога тоа утро ми се јави. Не можев да посакам подобар маж кој ќе биде покрај мене во сите авантури, на сите контроли, и’ во смеа, и’ во солзи. Ти си прекрасна личност и секој во чиј живот ќе бидеш е среќен човек. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш“, напишала таа.
„Не ги сфаќајте ситниците така сериозно и малку живејте“, порачала храбрата Бејли на самиот крај.

View this post on Instagram

Ice Cream🍦!!! #halloween2016 #halifax

A post shared by Bailey Matheson (@baileymatheson84) on

екран.мк
Фото:Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …