(ВИДЕО+ФОТО) Момче (24) на Лотарија добило 768. милиони долари: Ливчето го ставил во сеф а потоа открил што ќе им каже на оние кои од него ќе бараат помош!

Мануел Франко (24) од Висконсин освоил 768. милиони долари во играта на среќа „Пауербол“, што е трета најголема исплата во историјата на САД.
„Почнав да лудеам. Погледнав во броевите и се поклопуваа. Срцето почна да ми чука, почувствував врелина. Почнав да викам“, рекол Франко.
Како што вели, дал отказ, велејќи дека едноставно повеќе не може да работи.
Одлучил да избере еднократна уплата, наместо парите да му се улаќаат на рати, а додава дека ќе даде пари и во добротворни цели. Поради тоа што избрал еднократна уплата ќе му бидат исплатени 477. милиони долари, наместо 668. милиони ако прифатил добивката да му биде исплатувана на рати.


Подготвен е, истакнува Франко и на луѓето кои ќе доаѓаат да бараат пари да им каже – НЕ.
По законот на американската држава Висконсин, победниците на лотариите не можат да останат анонимни. Франко додал дека кога ги освоил парите станал параноичен и ливчето го скрил во сеф.
„Станав параноичен, како кога имате чувство дека цел свет трча по вас. Секој ден мислев дека некој е зад мене. Тешко е да го живеете својот живот кога го имате ливчето кое сите го сакаат“, рекол Франко.


Екран.мк/Танјуг
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …