(ФОТО) ЕДНОСТАВНА УБАВИЦА – Овие тајни за убавина на Ирина Шајк вреди да се испробаат!

Манекенката Ирина Шајк, која го освои модниот свет со својата грациозна фигура и егзотична убавина, сигурно ја носи титулата на една од најубавите жени во светот

Заводливата 33-годишна девојка, која неодамна ја прекина својата долгогодишна врска со актерот Бредли Купер, и покрај распадот на љубовната афера, во секоја пригода, изгледа беспрекорно, а посебна сила и дава нејзината двегодишна ќерка Леа де Син, со која го користи секој слободен момент.
Руската убавица, која зад себе има безброј кампањи, насловни страни и модни ревии, никогаш не претерува со шминка и навистина се држи до правилото „помалку е повеќе“. Таа е голем поддржувач на природниот изглед и вели дека нејзината дневна шминка е многу едноставна.

„Не мора да користите многу шминка за да изгледате добро. Го сакам прозирниот коректор на Марк Џејкобс, што го применувам на критични точки, под очите и пределот на брадата, но никогаш не ставам пудра на целото лице. Исто така, сакам високи хајлајтери, овој козметички производ навистина може да го истакне лицето. Денот го започнувам со миење на лицето само со вода, додека во вечерните часови темелно го чистам лицето. Јас често менувам производи и сакам да ги испробам. Сигурно нанесувам навлажнувач секој ден, а во лето претпочитам лесни серуми“, вели убавата Ирина, која во своето слободно време воопшто не се оптоварува со својот изглед.

Таа исто така сака кокосово масло, кое често го користи за нега на кожата, веднаш откако ќе се истушира на влажна кожа, а потоа го апсорбира вишокот со пешкир.
Ирина исто така вели дека редовно применува средства од УВ фактор на подрачјето на вратот, рацете и лицето и не се изложува на сонце.
Згодната Русинка, која својата извонредна убавина ја должи на своите татарски корени од страната на нејзиниот татко, го откри и својот омилен трик за убавина што го научилс од нејзината мајка.

„Наутро поминете го лицето со коцка лед. Овој трик го научив од мајка ми Олга. Веднашќе се намали отеченоста и ќе изгледате поодморени и посвежи“, рече Ирина, која пораснала во скромни услови со нејзината мајка и сестра, а нејзиниот татко починал кога имала 14. години.
Руската убавица родена во малиот град Јеманхелинск,често може да се види во обични комбинации и без шминка, особено кога ужива да се дружи со својата ќерка.

„Не сакам да бидам осудена затоа што не изгледам убаво. Носам удобни чевли и џемпери. И јас исто така сум живо суштество што наутро се разбудива со илјадници обврски што ме чекаа“, речкла таа во педно поранешно интервју.
Таа исто така предупредила за опасностите од социјалните мрежи кои не ја даваат вистинската слика.
„Мислам дека заради социјалните мрежи, луѓето чувствуваат притисок. Луѓето ми велат, ‘Ах, изгледаш поинаку во живо’. Изгледам поинаку затоа што не сум под совршено светло и совршено нашминкана. Едноставно наоколу одам каква што сум“, рекла познатата убавица во тоа време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …