(ФОТО) Еден од најпознатите холивудски мажишта се маскирал во девојче, можете ли да го препознаете?


На забавните преобразби кои ги донесува Ноќта на вештиците не се имуни ниту богатите и славните.
Додека овие денови сведочиме за бројни помалку или повеќе успешни маски кои бројни славни одлучиле да ги покажат на разни холивудски случувања, една од најзабележителните е онаа на Брус Вилис во која се појавил на забавата на режисерот М. Најт Шималан во Филаделфија.

https://www.instagram.com/p/Ba0-lJlFfof/?taken-by=emmahemingwillis


Иако важи за еден од најмажевните фраери на Холивуд, на Брус не му било тешко да облече фустан и со својот асистент Стивен Џ. Едсам се маскирал во близначките од култниот филм на Стенли Кјубрик, „Исијување“


Тие двајца се појавиле во идентични сини фустанчиња порабени со чипка, бели доколенки и црни сандали. Се’ зачиниле со цветови во косата, а впечатокот го нарушувале само нивните бради.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во одлично расположение – Пирс Броснан по 20 години сниман со својот син, од кого решил да се дистанцира поради зависност

Холивудскиот актер Пирс Броснан е фотографиран јавно со својот син Кристофер, повеќе од две децении …