Студентка и перспективна манекенка со својот роднина тргнала на прослава на 21. роденден, кога низ прозорецот на автомобилот момче им фрлило киселина. Изгорениците и на двајцата им го промениле изгледот, а откако пријателите собрале доволно средства да и помогнат, Решам Кан, ги поделила фотките од својот нов изглед.
„Време е да престанам да се кријам“ напишала неодамна покрај фотографиите од своето ново лице кои предизвикале илјадници реакции.
Time to stop hiding #NewProfilePic pic.twitter.com/OtscbEJUh8
— Resh (@ReshKhan_) October 28, 2017
После несреќата во јуни, во источен Лондон, во која гледала како нејзината облека гори, и откако се борела со страшни болки од изгорениците и била потполно уништена, мислела дека веќе никогаш нема да изгледа исто, пишува The Sun.
Но, нејзините пријатели покренале GoFundMe кампања и успеле да и ги покријат трошоците за лекувањето. Нејзините нови фотографии и вербата во животот која и се вратила воодушевиле илјадници луѓе ширум светот.