(ФОТО) Добитничката на Еми ги проживува своите најтешки денови

“Една од осум жени има рак на дојка. Денес сум јас една од нив. Добрата вест е што ја имам најпрекрасната фамилија и пријатели, кои ми даваат потпора. Лошата вест е дека не сите жени ја имаат среќата да оздрават, затоа тргнуваме во борба против ракот”

Само еден ден откако ја освоила престижната награда Еми, актерката Џулија Луис-Дрејфус од својот доктор добила наод на кој не се надевала.
Имено, на славната комичарка која е позната по серијата “Seinfeld” ѝ е дијагностициран рак на дојка.
Кога се качила на сцена, со цел да ја земе наградата за најдобра главна улога во хумористичната серија „Потпретседателка“ на “HBO” , Џулија Луис-Дрејфус сигурно не ни помислила дека следниот ден нејзиниот живот ќе се промени од темел.
За сето ова набрзо се огласила и телевизиската куќа “HBO”, која изразила љубов и поддршка кон Џулија и нејзиното семејство.
“Уверени сме дека, благодарение на својот неповторлив дух, од сето ова ќе излезе како победник и ќе се радуваме на нејзиното враќање, откако здравјето ќе и’ го овозможи тоа”, велат тие.
56.годишната актерка ги шокирала сите откако на својот профил на Инстаграм објавила дека и’ бил дијагностициран рак на дојка.
“Една од осум жени има рак на дојка. Денес сум јас една од нив. Добрата вест е што ја имам најпрекрасната фамилија и пријатели, кои ми даваат потпора. Лошата вест е дека не сите жени ја имаат среќата да оздрават, затоа тргнуваме во борба против ракот” вели Дрејфус.


Just when you thought…

A post shared by Julia Louis-Dreyfus (@officialjld) on


Ѕвездата на “Seinfeld” е венчана за актерот Бред Хел, со коj има два сина – 25.годишниот Хенри и 20.годишниот Чарли. Поддршката на Џулија Луис-Дрејфус и’ ја испраќаат и многубројните колеги по пат на социјалните мрежи, како и политичарката Хилари Клинтон.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …