(ФОТО) ДЕНЕС МНОГУ СЕ САКААТ – Боно открил дека има полубрат кој не го познавал со години: „Татко ми тоа го чувал во тајност!“


Легендарниот фронтмен на групата U2 Bono открил дека има полубрат за кој дознал дури години подоцна, а кој татко му го добил со друга жена.
Во интервју за BBC Radio 4 Desert Island Discs споделил повеќе детали.
„Имам уште еден брат, кого го сакам и обожавам, а за кого не знаев долго време“, вели 62-годишникот. „Татко ми имаше длабоко пријателство со една прекрасна жена, која е дел од семејството, а потоа добија и дете. Сето тоа се чуваше во тајност“.


Ајрис, мајката на пејачот која почина во 1974. година, не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена, а Боно за друг член од неговото семејство дознал дури во 2000. година.

View this post on Instagram

A post shared by U2 South America 🇧🇷 (@u2southamerica)



Веднаш откако дознал, разговарал со својот татко, со кого имал „комплицирана врска“.
„Го прашав дали ја сака мајка ми, а тој потврди. Го прашав како можело тоа да се случи а тој едноставно рече: ‘Може’, објаснувајќи дека се овидел тоа да го исправи. Не се извинуваше, само рече дека тоа е факт. И јас се помирив со тоа“, се присетил амузичарот.

View this post on Instagram

A post shared by U2 Valencia (@u2valencia)



Боно размислува како татко му поминал низ многу работи бидејќи „главата му била на едно место, а срцето на друго“.
Пејачот, кој има и брат Норман, проговорил и за смртта на неговата мајка, која починала од аневризма на мозокот кога имал само 14. години. Тој истакнал дека нејзината загуба имала огромно влијание врз неговото семејство.
„Тоа е џебна психологија, но потоа најдов друго семејство – го основав U2, ја најдов мојата сопруга Али, сето тоа се случи прилично брзо“, рекол тој.

Боно, инаку, се прослави на почетокот на 1980-тите, а денес важи за една од најголемите рок ѕвезди во светот.
Тој има напишано многу од најуспешните песни на групата, вклучувајќи ги „Vertigo“, „Beautiful Day“, „One“, „With Or Without You“ и „I Still Haven’t Found What I’m Looking For“. Тој е познат и како голем борец за човекови права.
Боно планира да ја објави својата автобиографија подоцна оваа година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битола подготвена за 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

На вчерашната прес-конференција која се одржа во Центарот за култура, беше најавено 26. издание на …