Марк Флејшман, поранешниот крал на ноќниот живот и поранешен сопственик на њујоршкиот ноќен клуб „Студио 54“, ја споделил шокантната исповед откривајќи дека планира да стави крај на својот живот откако мистериозната болест „го претворила во растение“.
82-годишниот Флајшман за странските медиуми открил дека потрошил 15.000 долари на еднонасочен лет до Цирих, каде што планира да оди во организацијата „Дигнитас“, која им помага на оние кои страдаат од тешки болести да го завршат животот.
View this post on Instagram
Флејшман се одлучил на овој потег откако од 2016. година се бори со болест која лекарите не успеале да ја дијагностицираат, поради што го приковала за кревет.
„Не можам да одам, говорот ми е мизерен и не можам да направам ништо за себе. Жена ми ми помага да легнам, а јас не можам ни да се облечам сам. Ова ми е најлесниот излез“, рекол Флејшман.
View this post on Instagram
Марк е запаметен по неговата поврзаност со Ролинг Стоунси, Робин Вилијамс, Рик Џејмс и Џон Белуши и го водел „Студио 54“ кога беше еден од најголемите клубови во светот. Местото кое ги собра ѕвездите од А-листата беше и жариште на алкохол, дрога и секс, придружено со бројни скандали.
View this post on Instagram
Неговиот поранешен сопственик, е и очув со двете деца кои неговата сопруга Мими ги има од претходната врска, а болеста ја открил пред 8. години во својот дом во Калифорнија кога почувствувал дека неговата лева нога „заостанува“ зад другата.
View this post on Instagram
Како што истакнал, за овој потег размислувал последните две години и оваа опција му изгледала најприфатлива.
„Ќе биде ужасно. Марк е мојот придружник и ние сме посветени еден на друг. Така ќе биде крајот и на еден дел од мене. Сепак, тој не ми остави избор. Морам да ја почитувам неговата одлука”, рекла неговата сопруга Мими.
Фото: Принтскрин/колаж/Instagram