(ФОТО) Последните денови на Џорџ Мајкл: Дрога за силување купувал од порно актер, бил зависник од секс…

Живееше во магла, пишува во новата книга за Џорџ Мајкл која ги следи неговите последни години по завршувањето на турнејата „25 Live Tour“ во 2008. година. Книгата фрла ново светло на проблемите на познатиот пејач и битката со зависноста што ја водел.
– Спиеше до средина на попладневните часови, седеше на својот компјутер и играше видео игри, зјапаше во телевизорот, консумираше дрога и навечер посетуваше ресторани во Хемпстед Хит, напишал авторот Џејмс Гевин во книгата со наслов „Џорџ Мајкл: Живот“.
Во септември 2008 година, полицијата го фати Мајкл во јавен тоалет во Хит, а откако го претресе, пронашла марихуана и крек и го уапсила.
Неколку месеци подоцна, тој повторно бил уапсен по сообраќајна несреќа кога полицијата го нашла „облиен со пот“ и со „раширени зеници“.
На фронтменот на некогаш познатата група „Wham!“ тоа му беше седмо апсење во последните 12. години, му беше одземена возачката дозвола на пет години, а осуден е на четири недели затвор.

– За Мајкл, GHB, т.н дрога за силување, се чинеше дека му била испратена од небото. Покрај тоа што ја поттикнуваше неговата сексуална компулсивност, тоа го натера да се чувствува привлечно, иако беше депресивен, објаснува Гевин во книгата.
– Поради GHB му се зголеми самодовербата, но го одведе на ново застрашувачко ниво на самоуништување. GHB создава поголема зависност од метамфетамин и е поризичен во сите варијанти.



Според книгата, дрогата ја поттикнала и неговата деветгодишна врска со британскиот порно актер и жиголо Пол Стаг.
– Мајкл му платил и за секс и за дрога. Во пораките тоа го нарекуваа „шампањ“. Стаг би ја доставувал дрогата во мали шишиња шампон, а Мајкл го мешал во чаша КокаКола. Одеднаш, Мајкл би рекол „Сега сум подготвен, ајде да имаме секс“, се сеќава Гевин во книгата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …