Верувајќи дека објавува видеоспот во кој се истакнува убавината на Рио де Жанеиро, маркетинг агенцијата направила сериозна грешка кога објавила порака која всушност предупредува на насилство во градот на Карневалот.
Промотивното видео на англиски јазик се емитуваше во вторникот вечерта на Инстаграм на Ембратур, кое потоа го отстраниле откако било исмејувано од корисниците.
„Не можам да препорачам посета на град во кој се плашам да го напуштам станот“, вели една Бразилка од Куритиба (јужниот дел на земјата), која живее во Германија веќе шест години и го посетила Рио.
Рио де Жанеиро се смета за најголема туристичка атракција во Бразил и беше домаќин на Олимписките игри во 2016 година, воодушевувајќи ги посетителите од целиот свет со своите плажи и прекрасна природа.
Но, тој „чудесен град“ мака мачи со сериозни проблеми со насилство.
Агенцијата можеби погрешила со пораката за посетителите што започнува со „Рио е прекрасен град…“ а потоа следи вториот дел од реченицата, „но убавината не е доволна“.
Туристката во видеото вели дека таа го посетила Рио со својот германски партнер и помладата сестра и раскажува за призори од страв за кои била сведок или ги проживеала.
„Моето семејство и јас бевме ограбени од џепароши. Мојата 9-годишна сестра беше сведок на кражба проследена со насилство“, рекла таа.
Ембатур објаснил дека видеото се емитувало по грешка, а неговата намера била сосема спротивна – „да ја извести меѓународната заедница за намалување на насилството во 2019. година“.
Институтот за јавна безбедност и владата на Рио објавија дека бројот на самоубиства опаднал за 19 проценти во 2019 година во однос на претходната година. Тие исто така велат дека бројот на кражби на улиците е намален за осум проценти (околу 120.500 кражби).