(ФОТО) ЧОВЕЧКИ – Млад човек нашол плик со пари во Макарска: Во овие тешки и тажни моменти …

Во FACEBOOK групата „барам, купувам, подарувам, продавам МАКАРСКА“, се појавила необична објава.
Имено, еден млад човек ги замолил членовите на групата, кои ги има преку 11.000, да му помогнат да најде човек кој изгубил плик со пари.
„Најдов плик со име Емир Југо (бомба). Ве молам секој што го познава овој лик да му каже да ми се врати да му ги вратам парите“, напишал младиот човек.


Набрзо повторно се појавил во споменатата група и открил дека го нашол сопственикот на пликото со парите.
„Ви благодарам луѓе, мило ми е што покажавте хуманост во овие тешки и тажни моменти. Еве ме со господинот Емир на кафе и порака до сите луѓе на овој свет: дружете се и не дозволувајте хартијата да го храни вашето срце со омраза и алчност. Каков човек би бил кога би премолчал бидејќи којзнае како ги заработил, но не е важно. Оваа хартија не ми значи ништо, а нему многу му значи“, изјавил млад човек, чиј гест воодушеви многу членови на групата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …