(ФОТО) Природен навлажнувач на просторот: Со ова собно растение ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ

Хамедореја елеганс или водената палма не е растение кое бара многу, а една од нејзините главни предности е ослободувањето на влага.
Водената палма е растение кое потекнува од Мадагаскар. Може да порасне до два метри во висина. Листовите му се во форма на ленти кои се шират од врвовите на долгите зелени стебла.
Единствена обврска кон ова растение е лесно и обилно наводнување. Водената палма бара многу вода, па затоа е неопходно да се одгледува во непропустлив сад. Покрај тоа, ова растение можете да го одгледувате во водена култура.
Размножувањето се врши со делење или сечење на врвовите на стеблата. Врвовите се сечат на половина и се ставаат наопаку во водата. По околу десет дена се појавуваат корените.


Одличен навлажнувач
Внатрешните растенија генерално помагаат за одржување на влажноста во станот, бидејќи влагата испарува низ листовите, што е многу важно, особено за време на грејната сезона, кога воздухот во просториите и собите е сув.
Водената палма (cyperus alternifolius) се препорачува како еден од подобрите природни навлажнувачи. Колку е поголема палмата, толку повеќе влага ќе испушта во воздухот. На пример, поголемите видови можат да испуштаат до два литра вода дневно.

Фото: Принтскрин/Youtube/My Hobbshop


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„На одмор сум, во Скопје сум“ – Настан со најразновидни активности за сите деца

Во организација на општина Центар, од денес започнува големо дружење секој ден со различни активности …