Фронтменот на Продиџи си го одзел животот во 49.ттата година од животот. Пејачот на британската група бил пронајден мртов во својот дом во Есекс. Од Итната помош велат дека го пронашле без свест и можеле само да констатираат смрт
Пејачот на „Продиџи“, Кит Флинт, извршил самоубиство, објавила групата на својата официјална страница на Инстаграм.
“Веста е вистинита, не можам да поверувам дека го зборувам ова, но нашиот брат Кит си го одзеде животот во текот на викендот. Шокиран сум, е*ено лут, збунет и со скршено срце… почивај во мир”, стои во пораката на Инстаграм напишана од страна на Лијам Хаулет, член на бендот.
https://www.instagram.com/p/BulgJBZAw5L/?utm_source=ig_embed
Фронтменот на Продиџи си го одзел животот во 49.ттата година од животот. Пејачот на британската група бил пронајден мртов во својот дом во Есекс. Од Итната помош велат дека го пронашле без свест и можеле само да констатираат смрт.
Продиџи е една од ретките групи која успеа да стекне светска популарност иако започнала од британската андерграунд рејв сцена кон почетокот на 90-тите години на минатиот век. Флинт стана икона на британската музичка сцена, благодарение на енергичните настапи и впечатливиот изглед со специфична фризура и мноштво тетоважи и пирсеви.
https://www.instagram.com/p/BnMBCkGHJyJ/?utm_source=ig_embed
Фронтменот е роден на 17-ти септември 1969 година во источниот дел на Лондон, а како дете се преселил во Есекс. Бил во врска со ТВ водителката Гејл Портер во 90-тите години, а подоцна се оженил со Јапонката Мајуми Каи.
https://www.instagram.com/p/BkE9y9JHll2/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bcu7hyIHL2w/?utm_source=ig_embed
Извор:The Sun