Брус Вилис после долго време беше виден во јавност. Иако се бори со тешка болест, не дозволил таа да му го ускрати нормалниот живот.
Всушност, фотографите го фатиле во Лос Анџелес додека уживал во прошетка пред да оди во локален супермаркет. Се чини дека актерот е во добра форма.
Неговата сопруга Ема Хеминг Вилис неодамна изјави дека се справува со тагата поради неговата болест откривајќи нови хоби со него и обидувајќи се да го направи среќен.
За потсетување, во март годинава беше откриено дека има афазија, односно нарушување на говорот кое вклучува намалена способност за разбирање или изразување.
Афазијата може да биде предизвикана од мозочен удар или тумор на мозокот. Брус целосно се повлече од светот на филмот и се труди да ја зачува својата приватност.
Извор: klix.ba