Дом за стари лица во Тајван најмил стриптизерка да ги забавува пензионерите во инвалидски колички во чест на традиционалниот кинески празник. Набргу откако бизарната снимка се прошири низ интернет и стана вирална, установата се извини.
Домот на ветераните Таојуан, владин објект за пензиониран воен персонал во Тајван, најмил стриптизета за да го прослави Есенскиот фестивал, еден од најважните празници во азиската култура, каде што луѓето се собираат за да ја прослават сезоната на жетва на ориз и пченица.
Еден од учесниците ги снимил моментите од прославата, а потоа ги споделил на социјалните мрежи, каде видеото стана вирално.
Во бизарните сцени стриптизерката облечена во чипкаста долна облека прави еротски движења пред пензионери во инвалидски колички. Старците носеле заштитни маски на лицата, а танчерката се приближила до еден од нив, приближувајќи ги нејзините гради до неговото лице.
https://twitter.com/i/status/1568990424995348485
Старецот ја прифатил оваа забава и додека остатокот од салата воодушевено ракоплескал со музиката што свирела во позадина, изгледало како сите да се забавуваат.
Иако на некои им изгледало смешно, многу корисници ја критикувале институцијата, за што таа испратила и извинување.
„Намерата на настанот беше да ги забавува присутните и да ги израдува. Жал ни е ако некого вознемиривме“, стои во нивната објава, пренесува NY Post.
Портпаролот на Домот за стари лица додал дека прославите се откажани во последните години поради пандемијата на коронавирус. Така тие дошле на идеја да организираат стриптиз клуб кој ќе обезбеди забава за пензионерите.
Тој исто така додал дека движењата на стриптизерката биле „премногу ентузијастички и огнени“, и дека во иднина ќе бидат „повнимателни“ кога планираат вакви настани. Како што изјавиле, организираат и бинго или караоке.
И’ покрај извинувањето, ставовите на корисниците за она што го виделе продолжуваат да се нижат на социјалните мрежи.
„Зошто некој би помислил дека вакво нешто е соодветно за оние во оваа публика. Ова е глупаво и смешно. Како да се однесувате кон пензионерите со почит, достоинство и чест“, вели еден корисник.
Навистина, имало и шеги на оваа сметка, но и оние на кои им беше драго што „пензионерите уживаат“, но мнозинството осудувачки го коментирале овој потег.
Фото: Принтскрин/Twitter