(ФОТО) Британското благородништво ја исмејувало идната кралица поради професијата на нејзината мајка

Кејт Мидлтон пред десет години станала првата граѓанка во поново време која се омажила за идниот крал на Велика Британија. Кралската венчавка на 29. април 2011. година ја следеле десетици милиони луѓе во 180 земји во светот, а принцот Вилијам ги скрши срцата на сите девојки кои сакале да станат принцези тој ден.
Кејт Мидлтон ќе стане кралица (придружничка) кога нејзиниот сопруг принцот Вилијам, кој е втор по ред на тронот, ќе стане крал.
Иако денес е крајно сакана, Кејт Мидлтон не уживала секогаш во наклонетоста на медиумите и британското благородништво.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


Поради фактот што потекнува од средната класа и е обична граѓанка, некои припадници на аристократијата не ја сакале. Многумина од нив не можеле да поверуваат дека идниот крал ќе се ожени со обична граѓанка и сметале дека треба да избере девојка со сина крв или членка на некое од кралските семејства во Европа. Некои од нив и се потсмевале на Кејт поради фактот дека нејзината мајка Керол била стјуардеса.
Ниту медиумите не ја лижеа.


Поради долгогодишната врска со принцот, Кејт во таблоидите го доби прекарот Waity Katie (Очајничка).
Војводата и војвотката од Кембриџ имаат хармоничен брак во кој имаат три деца. Принцот Џорџ е роден во 2013. година, принцезата Шарлот во 2015. година и принцот Луис во 2018. година.
Тие вчера ги објавија своите нови фотографии на Инстаграм по повод годишнината од нивната венчавка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …