(ФОТО) Бремената Блејк Лајвли насмеала со фотографијата со тренерот: „Вежбаме, но не помага“

АМЕРИКАНСКАТА актерка Блејк Лајвли и нејзиниот партнер Рајан Рејнолдс често ги смеат следбениците со своите објави на социјалните мрежи, а парот честопати јавно признава колку си даваат поддршка еден на друг.

Со оглед на тоа дека моментално го очекуваат четвртото дете, големиот труднички стомак станал извор на инспирација за новата објава на познатата актерка.


View this post on Instagram

A post shared by Blake Lively (@blakelively)


„Веќе некое време вежбам со Дон, но се чини дека нешто не функционира како што треба“, напишала Лајвли во описот на фотографијата, споредувајќи го изгледот на нејзиното тело пред и потоа, и во поновата слика нејзиниот стомак е видно поголем. Иако тоа не е поради лошиот тренинг, туку поради новото бебе кое наскоро треба да пристигне, актерката ја искористила ситуацијата за уште малку задевања на Инстаграм.
Со нејзината објава таа успеала во тоа, а фановите веднаш се надоврзале со соодветни коментари.
„Сигурно по грешка сте јаделе семки од лубеница“, „Премногу вежбавте со сопругот, затоа ви се случи ова“, „Ова е премногу добро, искрено се изнасмеав“, се само некои од нив.
Извор близок на актерката неодамна открил за Us Weekly дека Лајвли е многу активна во оваа бременост, често шета и внимава што јаде, а според последните фотографии од теретана можеме да видиме дека таа се уште активно вежба.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …