ВРЕМЕ НА ПРОСТУВАЊЕ – Денес христијаните го слават Божиќ, празникот на љубовта и раѓањето на Исус Христос

Православните верници во Македонија и светот денеска го слават еден од најважните празници – Божик. Доаѓањето на Божик се најавува со биење на камбаните од православните цркви на Божик наутро пред зори.
Ден претходно православните верници го запалуваат бадникот и на тој начин го одбележуваат Бадник.

На Божик, христијанските цркви ширум светот го слават раѓањето на Исус Христос кој дојде меѓу луѓето за да покаже негување на вредности како што се верата и љубовта.


This image has an empty alt attribute; its file name is tagjanje-na-isus-hrist.jpg
Според Евангелието, Исус Христос се родил точно на полноќ, кога најсветлата ѕвезда која се движела од исток кон запад застанала над пештерата кај Витлеем.
Во пештерата во Витлеем, Марија го завиткала новородениот Спасител во слама и му се поклонила како на Бог.

На небото во тој момент ангелите пееле „Слава на Бога во висините и мир на земјата, и меѓу луѓето со добра волја“.


This image has an empty alt attribute; its file name is bozik-1.jpg

На Богомладенецот прво му се поклониле овчарите, кои му подариле јагне, а потоа тројцата мудреци кои му донесоа смирна, темјан и злато како подарок.
Инаку, празнувањето на Божик започнува со одење на утринска литургија, денот продолжува со семејни собири околу божиќната трпеза, а потоа пеејќи го тропарот „Рождество твое Христос Боже наш“.


На Божиќ со молитва и литургија се слави Христовото раѓање. Време е за преиспитување и помирување со луѓето. Божиќ е семеен празник кој се слави дома и не се канат гости. Но, на тој ден треба да се потсетиме на оние кои се слаби и сиромашни и да ги угостиме во нашиот дом

Не земајте игли и клинци
-Тоа е обичај. На тој ден не треба да шиете или плетете, затоа не земајте никакви игли, бидејќи се смета дека детето (Христос) се родило на тој ден и дека на таков начин може да му се направи нешто лошо.

This image has an empty alt attribute; its file name is kako-evropa-go-slavi-bozik-5-1024x576.jpg

На Божиќ семејството треба да биде на собир, бидејќи е семеен празник. Нема работа на Божиќ. Тој ден треба да се искористи за релаксација, за разговор со семејството. Треба да се одморите и да не зборувате за тешки теми.
На првиот гостин кој ќе дојде тој ден во куќата не треба да му се подарат некои скапи подароци, туку симболични, кошула или пешкир бидејќи тоа е првиот човек што влегува во куќата на Божиќ.
Тој треба да ги поздрави домот и сите членови на домаќинството со: „Христос се роди“, а потоа се приближува до огнот, зема гранка од бадникот и го пали огнот велејќи: „Колку искри, толку здравје, колку искри, толку среќа и радост, колку искри, толку многу пари“, набројуувајќи сè што мисли дека треба да се умножи во куќата на домаќинот. Првиот гостин мора да остане на појадок во куќата.

Тимот на порталот ekran.mk на сите православни луѓе им го честита големиот празник со желба да го прославите во семејна среќа, мир и благосостојба. Нека овој празник уште еднаш не потсети на различноста што го претставува најголемото богатство на Македонија. Мир Божји, Христос се роди.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …