(ФОТО) „Болно будење“ за Дамијано Дејвид: „Полошо од болест, денес е тажен ден“

Откако десничарката Џорѓа Мелони победи на изборите во Италија, на таа победа реагираа многу познати италијански лица, а еден од оние кои предизвикаа најмногу реакции секако е фронтменот на групата „Манескин“, Дамијано Давид, кој го воодушеви светот на минатогодишниот натпревар за „Песна на Евровизија“
Пејачот, кој на Инстаграм го следат пет милиони луѓе, на таа социјална мрежа ја сподели насловната страница на италијанска „Република“ со фотографија од Мелони за веста дека десниот центар победил на изборите.
„Денес е тажен ден за мојата земја“, напишал Дамијано и го привлекол вниманието на своите следбеници.
Тој потоа ја споделил веста од Си-Ен-Ен: „Мелони ќе биде најдесничарскиот италијански премиер уште од Мусолини“.

This image has an empty alt attribute; its file name is damiano-david-post.jpg


Иако привлекува внимание со облеката и однесувањето каде и да се појави, Дамијано никогаш не ги криел ниту своите политички ставови.
„Слободна Украина, е*и го Путин“ – извикал на сцената на фестивалот Coachella, а тој и неговата девојка Ѓорџија Солери се активни во борбата за родова еднаквост.
„Мораме да се спротивставиме“, коментирала неговата 26-годишна девојка Ѓорџија и додала: „Какво болно будење. Полошо од која било хронична болест“.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …