На неодамна одржаната модна недела во Милано, Ким Кардашијан ја претстави колекцијата „Ciao, Kim“ во соработка со Долче и Габана.
Иако нејзиниот изглед за оваа пригода беше пофален од многумина, реалноста беше малку поинаква. Старлетата се одлучила за сребрен фустан кој ја следи линијата на телото, но дури кога протече клипот, можевме да видиме дека Ким всушност не можела да оди.
Фустанот бил толку тесен, што Ким не само што едвај дишела во него, туку буквално скокала!
А кога дошла до поголема пречка – скалите, следела „катастрофа“, па не можела ни да влезе во автомобилот. Видеото го споделила на својата приказна, брзо беше споделено на многу други профили и предизвика бројни реакции…
@steph_shep I’ll let you caption this ⬇️
Фото: Принтскрин/Twitter