(ФОТО) Блејк Лавли, без долна облека, блеснала на Мет гала во фустан кој се правел 600. часа!

Глумицата Блејк Лајвли го освои црвениот тепих со својот заводлив изглед во раскошна црвена тоалета на која се потпишува италијанската модна куќа Версаче. Иако на овогодишната Мет Гала прошетаа многубројни луксузни креации  една од највпечатливите  беше и тоалетата на американската глумица Блејк Лајвли.

Со оглед на тоа дека припаѓа во групата на најдобро облечени дами, сопругата на глумецот Рајан Рејнолдс и овој пат ги исполни сите очекувања. Таа ѝ се довери на Донатела Версаче, која успешно ја претвори во вистинска дива. Глумицата носеше гламурозна креација, која потсетува на стариот Холивуд, изработена во комбинација на рубин црвена и златна боја.


Креацијата се состои од два дела, корсет со златни додатоци, кој ѝ ја истакна одличната фигура на младата мајка и долго здолниште, мешавина составена од повеќе материјали.

Може да се забележи дека креацијата е доста луксузна и преполна со орнаменти, комплициран вез, па за изработка на оваа тоалета биле потребни 600 часа.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …