Сите во Охрид: ДОАЃА ZUCCHERO!

25. ЈУЛИ, 2018 година- Антички театар- Охрид

Ништо не може да ја спречи оваа година да биде исклучителна во македонската концертна историја.
За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO, со своето best of шоу во прекрасниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар.
ZUCCHERO е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред се’, квалитетот на изведбата и музиката се секогаш во прв план.
ZUCCHERO е веројатно уникатен и по фактот дека е пејач којшто има зад себе остварено соработка со најголем број на навистина неверојатно квалитетни артисти како: Miles Davis, Eric Clapton, Ray Charles, Sting, Texas, Queen, Peter Gabriel, Mark Knopfler, John Lee Hooker, Joe Cocker, Jeff Beck, Iggy Pop, Elvis Costello, Bryan Adams, Bono Vox, BB King, 2 Cellos, Ennio Morricone, Andrea Bocelli и други. Неверојатно, но вистинито, нели?
Концертот на ZUCCHERO во Охрид е помогнат и со покровителство на општина Охрид.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај во 21 часот навечер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …