48. годишната пејачка и глумица блесна на црвениот тепих
Џенифер Лопез синоќа по десетти пат се појавила на црвениот тепих на Мет гала и тоа со својот дечко Алекс Родригез.
Џенифер исто така позирала и со Оливиер Растинг, дизајнер на Балмајн, со оглед на тоа дека за оваа пригода избрала токму негова креација.
Џенифер носела црна тоалета украсена со сини, златни и црвени бисери во облик на крст за да се вклопи во синоќешната тема на Мет гала – „Рајски тела: мода и католичката фантазија“.
Фустанот се состои од корсет со крст, долго здолниште со пердуви и голем шлиц, а го искомбинирала со црни сандали.
Она што Џенифер исто така го открила на црвениот тепих е и новата фризура за која се одлучила еден час пред настанот, бидејќи не и се допаднало како нејзината долга коса изгледа со фустанот.

(ФОТО) Џенифер Лопез не престанува да воодушевува со својот изглед!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.