Таа е брутално искрена и 24.000 лоуѓе и заблагодариле за тоа на Инстаграм. Познатата американска водителка Ејми Шумер неодамна станала мајка и објавила неколку фотографии за тоа.
Комичарката Ејми Шумер (37) и готвачот Крис Фишер (39) станале родители на своето прво дете на истиот фден кога и принцот Хари и Меган маркл.
И’ додека кралскиот пар главно се појавува со соодветни фотографии од своето бебе, а Меган пред медиумите се појавила два дена после породувањето и тоа дотерана, смирена и насмеана во дворецот Виндзор, Ејми ја покажува вистинската страна на нештата, односно на новопечените мајки и татковци.
Уште повеќе, оди чекор понапред и со својата искреност малку го згрозува светот. Додека нејзините фотографии и зборови „на прва“ можеби се чинат и малку брутално искрено, на крајот имаат и два и пол милиони лајкови. Светот е се чини зрел за разголената стварност.
На последната фотографија Ејми во еден после полноќ седи намрштена, во широка спавачица. Косата и е расчупана и прима инфузија.
На нозете има дебели црвени чорапи со бели детали. Пред неа се гледа друга жена која го држи бебето, а таа во позадина изгледа како да е во „вонтелесна“ состојба.
И тоа е таа слика со која, без сомнение, можат да се поистоветат повеќето жени (секоја чест на оние кои веднаш после породувањето изгледаат спектакуларно и на оние кои и тогаш се трудат да се нашминкани со нивните преслатки бебиња во раце).
Повеќето жени сепак изгледаат како Ејми на оваа фотографија и таа стварна слика на жените сигурно повеќе помага отколку идиличните, наместени пози на совршени и среќни жени со нивните преслатки бебиња во прегратка.
Затоа и има толку коментари на објавата на оваа новопечена мајка.
„Така тоа изгледа, да“, „Покажи ја вистинската слика“, „Ти благодарам што работите ги прикажуваш какви што се“, …се нижеле коментари од скоро 25.000 слични мислења. Дури и Орландо Блум, глумец кој има дете со бившата партнерка Миранда Кер, оваа нејзина објава ја коментирал со емотикон кој гори!
И за време на бременоста Ејми не криела дека има доста мачнини и дека неколку пати завршила во болница на инфузија. Страдала од состојбата Hypermesis gravidarum и морала да ја откаже турнејата која веќе започнала надевајќи се дека бргу ќе се врати да ги одработи сите настапи. Тогаш дури поделила и видео снимки на кои се гледа како повраќа, после што се качува на бината.