(ФОТО) Бил криминалец, но си го променил животот од корен: Сега сака да е инспирација за другите!

Поранешен криминалец успеал да си го промени животот, но вели дека тешко ќе најде работа поради големата тетоважа која го покрива неговото лице.
Пук Кирека ослабел 30 килограми и почнал да игра рагби во надеж дека ќе го смени својот пат и ќе почне да живее поздраво.
Таткото на три деца од Нов Зеланд се откажал од животот во банда во 2008 година, кога завршил во затвор.

Тој открива дека првпат на суд бил кога имал 16. години, но во меѓувреме станал инспирација и на други криминалци кои сакаат да си го сменат животот.
Кирека сега сака да отвори спортско–рекреативен курс со цел да стекне диплома и осигурување на работата во спортската индустрија.

„Знам дека ќе биде тешко да добијам работа со мојата тетоважа. Секогаш ќе бидам криминалец, но важно е да покажам дека можеме да имаме подобри животни стилови. Сакам и други да наведам на подобар начин на живот. Многумина од нив сѐ уште пијат и пушат и сѐ уште ги уништуваат својте животи со таков животен стил.Кога ќе се држат подалеку од неприликите ќе можат и да се сменат“, вели тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …