(ФОТО) БЕКАМ СЕ „ЗАГРЦНАЛ“ ДОДЕКА ДРЖЕЛ ГОВОР, ПА ПУШТИЛ СОЛЗА: Детали за свадбата на годината! Таткото на младоженецот подарил ПОЛОВИНА МИЛИОН!

Дејвид Бекам пуштил солза додека држел емотивен говор на свадбата на неговиот син Бруклин и неговата избраничка Никола Пелц, а не се штедело ниту за свадбениот подарок, па им подарил олдтајмер „јагуар“ од 1954. година вреден половина милион долари.

View this post on Instagram

A post shared by @brooklynpeltzbeckham



Како што пишува британски The Sun, легендарниот фудбалер се „загрцнал и плачел“ додека во својот говор се сеќавал на раѓањето на Бруклин.
Говорот на Дејвид траел околу пет минути, а на присутните им раскажал како спиел на подот од болницата, држејќи ја вратата затворена бидејќи не сакал никого да пушти внатре.

Гостите кои зборувале за The Sun ја опишале ситуацијата како Дејвид да имал грутка во грлото и морал да застане и да дише за да се опорави, но нагласиле дека тоа бил многу сладок говор.
Потоиа Бекам ја нарекол Никола неверојатна и додал: „Толку те сакаме. Возбудени сме што ќе бидеш дел од семејството“.
Бекам не штедел на свадбениот подарок, па им подарил „јагуар“ од 500.000 долари откако се венчале на имотот на нејзиниот татко, милијардерот Нелсон, вреден 103 милиони долари во Палм Бич, Флорида.

View this post on Instagram

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Поранешниот фудбалер е инвеститор во компанијата за реставрација „Луназ“, која го електрифицираше и реконструираше „Јагуар“ XK140 од 1954. година, откако во јуни 2021. година презеде 10. отсто од акциите на компанијата.
Тој бил фотографиран како го вози автомобилот со неговата сопруга Викторија во неделата наутро, пред да им го предаде на младенците, кои го имитирале доаѓањето на Меган и Хари на еден прием возејќи се во кабриолет.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …