Се појави видео од бруталното претепување на хрватскиот ракометар Денис Тот пред ноќен клуб во Скопје.
Трагичниот случај со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) доби нов епилог. Најпрвин од полицијата и болницата стасуваа спротивставени информации за неговото претепување, и беше соопштено дека не се забележани траги на физичко насилство.
Меѓутоа, сега се појави видео од безбедносните камери, кое ги отстранува сите сомнежи. Денис Тот бил претепан пред ноќен клуб, а подоцна починал во болница како последица на повредите од претепаувањето.
Како што може да се види на видеото, тој најпрвин бил удрен со тупаница во главата од еден дечко, кој го фрлил на земја и од кој останал неподвижен да лежи на бетонот.
После тоа добил неколку крвнички клоци по главата додека лежел неподвижен на подот. А особено се истакнала една девојка, која едвај ја задржувале и која подоцна не престанала да го напаѓа несреќниот ракометар, а други, меѓу кои и момчето што го нокаутирало, се обидоа да му пружат прва помош, сфаќајќи дека се отишло предалеку.
На крајот, дури и тој во белата јакна, кој го задал, веројатно, смртоносниот удар, бесно одмавнал со раката од момчето што го нокаутирало.
Еве видео за кое мора да имате повеќе од осумнаесет години за да го погледнете, а ве предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.
Ovako je stradao hrvatski rukometas pic.twitter.com/I7gjQTroQU
— Kalabaster (@KalabasterJak) April 11, 2022
Во меѓувреме се уапсени А.К.(22) и К.Л. (19) и им е одредена мерка притвор.
По Ангел Георгиевски, кој и е добро познат на македонската полиција, и кој бил уапсен во 2016 година кога направи сообраќајна несреќа во која оштети пет возила, е издадена потерница. Тој побегнал од местото на настанот, но за него се знае дека е родум од Марибор е член на криминална група која произведува повеќе видови синтетички дроги, меѓу кои амфетамини и ГХБ, т.н. „дрога за силување“. .
Извор: nportal.rs