БИДЕЈЌИ видел голема порака напишана на земјата во Кина на Google Maps, еден корисник на Redit веднаш ги прашал другите што пишува.
Иако се мачеле, дојдоа до еден заклучок – пораката е политичка.
Личноста која прва ја видела пораката зборува исклучиво англиски, па решила со оние што знаат кинески да провери што значат големите знаци напишани на земјата недалеку од Кинескиот ѕид. За да ја пронајдат необичната порака, тој ги споделил со нив координатите – 40.4499299, 116.5487750 – и ги прашал: „Дали знаете што пишува?“. Брзо се јавила личност која се правдала дека всушност не знае кинески, но изјавила дека првиот збор треба да го одреди карактерот на пораката.
– Затоа, ова може да биде „За претседателот Мао“ или „Ајде да одиме со претседателот Мао“ – напишал тој корисник на Редит.
Следниот учесник во дискусијата бил поконкретен.
– Ова е точниот превод: „Лојален на претседателот Мао“, односно „Мојата лојалност му припаѓа на претседателот Мао“ – напишал тој.
Третиот корисник се согласил, заклучувајќи дека првиот знак дефинитивно означува лојалност. Мао Це Тунг – горе споменатиот претседател Мао – беше комунистичкиот лидер кој ја основа Народна Република Кина. Тој управуваше со земјата како претседател на Комунистичката партија на Кина од нејзиното основање во 1949. година до неговата смрт во 1976. година.
Eagle-eyed Google Maps fan spots bizarre Chinese propaganda message seen from spacehttps://t.co/XkPv065rJm pic.twitter.com/y94jPPlsul
— Daily Star (@dailystar) April 4, 2022
Многумина се убедени дека големата порака не е дело на поданиците, туку дел од пропагандата на владеачката партија. За многумина е чудна тактиката да се потпираат на луѓето дека ќе најдат најдат порака на Google Maps, но веројатно целта била да се види пораката од вселената.
Секако, имало и такви кои го искористиле самото споменување на Кина за да ја критикуваат кинеската влада, без разлика на пораката.
Фото: Принтскрин/Google Maps
