(ФОТО) СЛОБОДНАТА БРИТНИ СПИРС ПОВТОРНО БРЕМЕНА: Пејачката го чека третото дете!

СВЕТСКАТА поп ѕвезда Бритни Спирс е бремена и чека дете со својот вереник Сем Ашгари.
– И така направив тест за бременост… и ќе имам бебе – напишала пејачката, а следеле бројни честитки.
Пејачката и нејзиниот вереник ќе го добијат своето прво заедничко дете, а Бритни веќе има два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс од претходниот брак со Кевин Федерлајн.


Од ноември 2021. година, Бритни нема старатели, како што беше случај во последните 14. години, а откако конечно се ослободи, пејачката навести дека размислува да го прошири своето семејство.

View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


– Мислам на друго бебе. Се прашувам дали е ова девојче? – напишала тогаш таа покрај снимката.
На сослушувањето одржано на 12. ноември во Високиот суд во Лос Анџелес, со одлука на судот, Бритни потоа си ги вратила правата да одлучува за сопствениот имот и финансии.
14. години старател на Бритни беше нејзиниот татко Џејми Спирс, а неодамна беше заменет од Џон Забел, сметководител избран од Бритни и нејзиниот адвокат, за привремено да ги надгледува нејзините финансии, но на последното рочиште беше одлучено дека Бритни е потполно слободна и таа нема потреба од старател.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …