(ФОТО) Бали бег се огласил за разводот!

Турскиот актер Бурак Озчивит ги коментирал гласините за наводен развод со сопругата Фахрие Евџан со која е еден од најинтригантните познати парови во Турција.
Познатиот Бали бег од серијата „Сулејман Величествениот“ и Фахрие Евџан, која нашата публика најдобро ја познава по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, се во брак од 2017. година и биле четири години во врска пред венчавката во Истанбул.


Тие минатата година добија син, а потоа нивната семејна среќа била заменета со низа проблеми, вклучително и заканата мафијашките кругови да ги уценуваат да се иселат од луксузната вила, заканувајќи се дека ќе го киднапираат нивното дете. По скандалот, а пред се многу опасната ситуација, се појавија гласини за разводот на славната двојка.



– Двајцата се познаваме многу добро. Точно, ние сме славна двојка, но дома сме како обично семејство. Работата и јавниот идентитет се нешто сосема друго. Сепак, кога влеговме во врска, знаевме сè за тоа. Бевме свесни за сè, и навистина нема проблеми. Мислам дека добро се справуваме со сите предизвици – рекол Бали бег и со тоа ги демантирал гласините за разводот со Фахрие.


Познатите сопружници мораат да се справат со психолошката криза што ја снашла турската актерка откако нејзиниот татко неодамна починал од рак на желудник. Фахрија е скршена од смртта на нејзиниот татко и целата грижа за нивниот син ја презел Бурак. Сопругата на Бали бег не е во можност да се грижи за детето, а тој ја моли да оди на психијатар.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Славната двојка ја следеле и гласини дека имаат многу различни ставови во врска со родителството, што е уште една причина за нивните наводни конфликти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …