(ФОТО) Атиџе и подарила мед на холивудската актерка Џејми Ли Кертис: „Ако не сте го гледале ‘Медена земја’, ве поттикнувам да го направите тоа!”

Познатата холивудска актерка, Џејми Ли Кертис, на својот Инстаграм профил објави фотографија која ја израдува македонската јавност.
На фотографијата стои тегла со мед и украсна кутија со знакот на “Медена земја”, а во описот Џејми напишала:
“Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам ‘половина за мене, половина за нив’. Во овој случај кои се моите ‘нив’? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале ‘Медена земја’, ве поттикнувам да го направите тоа”.


Инаку, Кертис претходно го изрази своето воодушевување од „Медена земја” на социјалните мрежи, опишувајќи го како “зачудувачки филм”.
„Колку совршен момент за овој филм. ‘Медена земја’ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум”, објавила Ли Кертис на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …