Со оглед на тоа што актерката се свртела неколку пати со грбот кон фотографите и немала никаков проблем со тоа, најверојатно не станува збор за никаква грешка, туку смислено привлекување на вниманието.
Популарната серија “The Outlander” вчеравечер ја прославуваше петтата сезона. Покрај главната ѕвезда на серијата, Катрион Барф која се појавила во долг црн фустан, нејзината колешка Софија Скелтон била вистинска ѕвезда на вечерта.
И’ додека Катрион се одлучила за стандардна вечерна варијанта, фустанот на Софија бил направен од слоеви тул во прекрасни бои во кој што изгледала како принцеза од Дизни, се додека не го свртела грбот на фотографите.
Проѕирниот материјал наизглед не делувал проблематично, но кога се свртила фотографите и тоа како имале материјал за фотографирање.
Модните критичари од сајтот „Daily Mail“ не биле сигурни дали овој потег на актерката бил смешен или пак станува збор за непријатна ситуација.