„Да, многу луѓе мислат дека јас не сум вистинската јас, што е многу чудно. Не знам зошто тие го мислат тоа“, одговорила Аврил на прашање на австралиските новинари…
Теориите на заговор за смртта на популарната пејачка повторно се актуелизираа.
Тврдењето на теоретичарите на заговор дека канадската пејачка Аврил Лавин починала многу брзо после издавањето на својот прв албум во 2002. година – повторно станаа актуелни на социјалните мрежи.
Okay so I was looking at these and the corners of their eyes are shaped differently and now I'm geeking pic.twitter.com/ag2G37NsSt
— Ash (@ashlynntattoos) May 14, 2017
Имено, според нивната веќе позната верзија, Аврил после смртта ја заменила нејзината двојничка, актерката Мелиса Вандел, а обожавателите на пејачката веруваат дека деталите за својата смрт ги оставила во некоја од своите песни.
This week in Billboard chart history: In 2007, @AvrilLavigne's "Girlfriend" topped the #Hot100 https://t.co/kM44ix1PTM pic.twitter.com/GYp93pJJGG
— billboard (@billboard) May 1, 2017
Теоријата вели дека Аврил после „брзиот“ успех паднала во депресија, а во тоа време починал и дедо ѝ, па целата ситуација тешко ја поднела. Наводно била пронајдена мртва во својот стан, а сите детали биле скриени.
Теоретичарите како доказ за своите тврдења ја истакнуваат промената во нејзиниот имиџ, откако го издала вториот албум во 2004. година и од тинејџерска бунтовничка станала поп пејачка. Ѝ замериле за тоа што се откажала од рок елементите во својата музика и почнала да се облекува женствено.
Откако теоријата се проширила, како нови докази биле истакнати нејзините лузни, тетоважи и дамки на кожата кои исто така се промениле, како и обликот на носот и вилицата.
working on some new tunes pic.twitter.com/vj46fFOYOV
— Avril Lavigne (@AvrilLavigne) April 30, 2017
Но, во последното интервју за австралискиот KISS 1065, на прашањето како ги поднела сите теории на завера за нејзиниот живот, Аврил одговорила:
„Да, многу луѓе мислат дека јас не сум вистинската јас, што е многу чудно. Не знам зошто тие го мислат тоа“.
Додека познатата пејачка земала „одмор“ од пет години таа всушност се опоравувала од Лајмската болест.