Ферстапен му го презема полот на Алонсо во Монако, крах за Перез

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Монако, шестата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.


Возачот на Ред Бул ја освои пол-позицијата во последните моменти од квалификациите, победувајќи го Фернандо Алонсо во Астон Мартин за 84 илјадитинки.

Квалификациите во Кнежевството ги одбележа и грешката на тимскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез, кој го уништи болидот удирајќи во ѕидот во првиот свиок во првиот дел.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …