Самата идеја за тркалото е иста илјадници години. Со причина.
И’ додека велосипедот со квадратни тркала остави многумина во сомнеж бидејќи мислеа дека е измама, новата идеја нема скриени механизми. Имено, не требаше долго да чекаме истиот автор да ни понуди велосипед со тркала во форма на триаголник.
Во исто време, страните, т.е. површините за користење, не се целосно рамни, туку се конкавни и повеќе или помалку ја следат кружната линија на тркалата. За поголема удобност, авторот на овој велосипед морал да вгради дополнителна суспензија, односно еден вид компензатор кој успешно ќе ја „коригира“ несовршеноста на тркалата, односно тоа што имаат променлив радиус, во смисла на удобност.
Покрај тоа што авторот решил да направи дрвени тркала, уште повпечатливо е што со релативно едноставно решение конечно му овозможил на велосипедистот воопшто да може да се движи на такви тркала. Благодарение на вградената суспензија, менувањето на радиусот на тркалото не влијае на положбата на возачот. Ако ја исклучиме звучната позадина, се добива впечаток дека на велосипедистот речиси му е удобно да вози таков велосипед.
Во секој случај, станува збор за уште една интересна креација и најверојатно не последна во режија на авторот кој се претставува како The Q.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/YoouTube