Спортски ентузијасти! Дали сте подготвени да ја споделиме возбудата, да ги поддржиме маратонците и да го направиме Скопскиот маратон навистина незаборавно искуство?
Придружете ни се во фан зоната во Europe House оваа недела (1 октомври) од 9:30 до 14:00 часот. Цртаме патики со Dreadpen – донеси патики (секако чист пар и соодветни за цртање) и препушти се на креативниот дизајн на илустраторот Dreadpen. Уживаме во музичката селекција од Emily Nas. Се сликаме со Ретро фото кабина – креирај весело „селфи“ и преземи ја фотографијата и/или видеото.
Скопскиот маратон, нашата најпопуларна спортска манифестација е поддржана од Делегацијата на ЕУ од самиот почеток.