Денес роденден слави нашиот познат актер Зоран Љутков

Зоран Љутков е роден на денешен ден во 1977 година во Велес. Дипломирал на Факултетот за драмски Уметности во Скопје во 2001 година во класата на Владимир Милчин, а во 2002 година запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 година се вработил како глумец во Драмскиот театар (ДТС) во Скопје.

Уште во текот на студиите глумел во претстави во Народениот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во родниот Велес, но и во други театри во Македонија. До денес има остварено бројни главни и споредни улоги во матичниот театар, но и како гостин во сите поважни театарски установи во државата. Кај детската публика е препознатлив по улогата на Комшо од телевизискиот серијал Петко.


Учествувал на неколку меѓународни театарски фестивали, работилници и филмски и ТВ-проекти. Добитик е на повеќе награди и тоа; Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ за ликовите во претставата „Синдром Чернодрински“ на Меѓународен театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 2002 година, Награда од публиката за улогата на Момчето Лисистрата на фестивалот за античка драма Стоби во 2005 година, Награда за најдобра машка улога за улогата на “Цанде” во претставата “Солунски патрдии” на Првиот Интернационален Фестивал “Гола Месечина” во 2014 година, како и Награда за најдобра машка улога на “Ифад Стоби 2021” за улогата на Сатирот Силен во “Сатирската игра” во режија на Деан Дамјановски.

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да му го честита роденденот на нашиот истакнат актер Зоран Љутков.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …