Еве какво време да очекуваме во наредните 5. дена!

Денес и утре наутро ќе биде доста студено со утрински температури насекаде под нулата. Пообилни врнежи од дожд ќе има во сабота кога ќе биде и облачно. Од овие врнежи само на повисоките планини ќе има снег и дополнитѕелна снежна покривка, велат од УХМР
Денеска (среда) наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -8. до 2., а дневните од 0. до 10. степени
За утре (четврток) се најавува променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -9 до -1., а дневните од 0. до 13. степени.

This image has an empty alt attribute; its file name is kakva-zima-ke-imame.jpg
Во петок ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во крајните планински региони. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минимална температура: 1°C до 7°C. Максимална температура: 6°C до 14°C.
За сабота се најавува прeтежно облачно со повремено пообилни врнежи од дожд, а во западните делови на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минимална температура: 0°C до 5°C. Максимална температура: 4°C до 13°C.
Во недела ќе биде прeтежно облачно со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има услови за повремен дожд кој понекаде на пониските места ќе преминува во снег. Минимална температура: 2°C до 7°C. Максимална температура: 5°C до 11°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …