(ВИДЕО) ГО УБИЛ СИЛУВАЧОТ НА СВОЈОТ СИН: Приказна која ги потресе САД – Го застрелал во слепоочница, момчето гледало на телевизија како татко му станал криминалец!

Цела Америка во март 1984. година слушнала за педофилот Џеф Даусет (25), инструктор по карате, кој го киднапирал Џоди Плауч (11) од Луизијана, па дури и го однел во Калифорнија, каде сексуално, во хотел со денови, го злоставувал момчето.
Џоди претходно бил на неговите часови по карате скоро една година, и ништо не навестувало на ужасот што ќе следи.
Момчето било спасено откако Даусет во еден момент му дозволил да и се јави на мајка. Полицијата открила од каде дошол повикот, педофилот бил веднаш уапсен, а Џоди бил испратен дома во Луизијана, кај родителите.
Сепак, уште поголем национален шок се случил на аеродромот во Батон Руж, Луизијана, кога полицијата со лисици на рацете го извела Даусет од авионот. Многу новинарски екипи биле таму и го снимиле целиот настан, но никој не очекувал камерите тој ден да снимат убиство во живо.

„Зошто, Гери, зошто?!
Гери Плауч, таткото на малечкиот Џоди, не можел да се помири со тоа што Даусет му го направил на неговиот син и откако се уверил дека Џоди е безбеден дома, отишол на аеродром „маскиран“ со капа и очила за сонце и трпеливо чекал зад телефонските говорници каде што разговарал со својот брат. „Еве, тој дојде. Сега ќе слушнете истрел“, му рекол тој на својот брат во еден момент, а потоа се свртел и пред телевизиските екипи и полицајците го застрелале Даусет директно во слепоочницара. Педофилот падна како покосен, а полицијата веднаш скокнала на Гери, додека еден инспектор се слушнало како вика: „Зошто, Гери, зошто?!“


Таа реченица станала наслов на книгата на Џоди Плауч, кој денес има 41 година, а неговиот татко Гери починал во 2014. година на 69-годишна возраст од срцев удар. Џоди пишува дека чувствувал голем гнев кон својот татко поради убиството на Даусет и дека му требало долго време да ја надмине траумата. Во моментот кога Гери го убил педофилот кој го киднапирал и малтретирал, Џоди сето тоа го видел во живо, на телевизија, од дома.
– Имав чувство како да не е реалност. Плачев и се чувствував луто. Ја гледав касетата подоцна одново и одново. Отпрвин му се лутев на татко ми затоа што кога имате 11 години – само сакав Џеф да престане да ми прави страшни работи, но не сакав нужно да биде мртов – изјавил Џоди во интервју за „Сан“ во октомври оваа година.
Гери поминал само еден викенд во притвор, но на крајот избегал од затвор и добил домашен притвор и казна од добротворна работа. Сите го прогласиле за „херој“, а во моментот кога го уапсиле на аеродром и инспекторот го прашал зошто го направил тоа, Гери одговорил: – „Зарем ти не би го направил истото да беше твоето дете?“


Никогаш не се покајал за тоа што го направил
Како што открива Џоди, неговиот однос со татко му подоцна се подобрил, но Гери никогаш не зажалил за тоа што го направил – тој често истакнувал дека повторно ќе го направел истото. Џоди во книгата пишува дека го осудува злосторството на неговиот татко и дека верува дека е поважно родителот да биде таму за да го издржува своето дете, а не потенцијално да се става во затвор.
– Беа потребни неколку месеци за работите да се вратат во нормала. Тој жали што се случила целата работа, но никогаш не зажали што го убил Даусет. Бидејќи тој беше католик, неговата прва мисла била дека ќе оди во пеколот – и тој беше во ред со тоа. Но, локалниот свештеник му ги прости сите гревови и мислам дека тоа му помогна психички подобро да се носи со се – заклучил Џоди.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што нè советуваат ѕвездите за утре 01.03.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Фокусот на овој последен работен ден за Овенот треба да биде на деталите …