Електро-акустичен концерт на Џијан Емин, Македонската филхармонија и ЗЏМ

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија, на 12 април (четврток) во 20 часот, ќе реализира Електро-акустичен концерт на Џијан Емин. На концертот ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат околу 40. музичари, членови на Македонската филхармонија, додека еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.
Насловот на концертот на некој начин го објаснува и самиот концепт на концертот. Како што вели Џијан Емин, тој му дава одредена очекувана естетика која можеби веќе создава и одредена музичка слика кај слушателите.
„Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика која се создава во самиот момент на случувањето, користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури“, вели Емин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …