Македонија на првата вечер на Евросонг во Лисабон настапува како 11.

Вчера беше откриен и редоследот на земјите учеснички кои ќе настапуваат во двете полуфинални вечери. Македонија е 11. по ред. Пред нас настапува Бугарија, а после нас Хрватска.„Песна на Евровизија“ ќе се одржи на 8, 10. и 12. мај во Лисабон, Португалија.

„Ај кју“ е бендот кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Лисабон со песната „Lost and found“.


Извршниот продуцент на шоуто, Јон Ола Санд, го објави редоследот по кој земјите учеснички ќе се претстават на 63. издание на популарниот музички настан во Лисабон, Португалија. Земји што имаат директен пласман во финалето се Шпанија, Велика Британија и домаќинот Португалија, кои ќе гласаат во првото полуфинале и Италија, Германија и Франција кои ќе имаат право на глас на втората полуфинална вечер.
Македонија се нема пласирано во завршницата на Евросонг од 2012. година кога тоа и’ успеа на Калиопи со темата „Црно и бело“. Годинава наш адут е триото „Ај кју“ со композицијата „Lost and found“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …