(ФОТО) Ерик Бана како Валканиот Џон ќе дебитира на ТВ!

Hollywood reporter известува дека популарниот глумец Ерик Бана ќе го има своето телевизиско деби.
Имено, австралискиот актер со хрватски корени ќе го игра насловниот лик во тв серијата „Dirty John“ (Валканиот Џон) на продуцентската куќа NBC Universal.
Приказната е заснована на вистински настани,кои за Los Angeles Times ги објавувал репортерот Крис Гофард известувајќи за „Валканиот“, Џон Михен. Бана ќе го игра централниот лик на криминалец кој започнува врска со неговата партнерка Дебра (Кони Бритон) и ја внесува во заплеткан лавиринт од мрачни тајни, лаги, одрекување и, најпосле – борба за живот.
Првично, предвидено е серијата да има две сезони.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …