EKV Tribute во Public Room

На 26 ноември, недела од 17:00 часот, во Јавна Соба во Скопје, ќе се одржи и вториот концерт на трибјут бендот на EKV – Krug.

Ekatarina Velika – EKV остави сериозен белег на целата рок сцена и на многу бендови подоцна им служеше како пример во своето работење.


Krug започнува со работа 2006 година. Создаден е како фузија на музичари, членови на оригиналната постава на EKV, со група на луѓе кои се повеќе од три децении на музичката сцена во Белград. Нивниот мотив е да дадат свој придонес во зачувување на сеќавањата за Милан, Бојан, Маргита и VD, и иако свесни за нивната потполна незаменливост, да им овозможат на младите кои немаа можност да ги чујат EKV во живо, да го осетат тој дух преку концертите во нивна изведба.

Настапуваат:


MARKO MILIVOJEVIĆ, тапанар со најдолг стаж во EKATARINA VELIKA, кој во бендот доаѓа 1991. И свири на албумите “Dum Dum” и “Neko nas posmatra”, како и на албумот во живо “Kao u snu”.

DRAGIŠA USKOKOVIĆ ĆIMA, бас гитара, кој свиреше на албумите “Neko nas posmatra” и “Kao u snu”, како и на бројни настапи во живо во тоа време. Ćima го ремастерираше акустичниот концертен албум “EKV Unplugged Skopje 1992.” и заедно со Marko ги ремастерираше албумите “Dum Dum” и “Neko nas posmatra” во издание на PGP RTS и во соработка со Zadužbinom Milan Mladenović.


NEMANJA DAŠIĆ, вокал и гитара, ex “Vampiri“.

DEJAN TOMOVIĆ TOMKE, клавијатури.

Картите се продаваат по цена од 650 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …