Екран Музичка Историја – 15ти август

На 15ти август во музичката историја ги имаме следниве настани;

1960 година, „It`s Now or Never“ на Елвис Присли, е прво место во Америка и се задржува на листата цели 5 недели


1965 година, на концертот на The Beatles на стадионот Shea во Њујорк присуствуваат 56.000 посетители што е рекорд по број на посетители на еден концерт до тогаш.

1969 година, започнува фестивалот Woodstock. Истиот ќе трае 3 дена односно до 18 август и на него ќе настапат 24 бендови и ќе биде посетен од околу 400.000 посетители.


1979 година, Led Zeppelin го издаваат нивниот осми и последен албум, „In through The out“.

1980 година, објавена е автобиографската книга на George Harrison I Me Mine“.


1981 година, песната „Endless Love“на Diana Ross и Lionel Richie, се искачува на првото место на Billboard Hot 100 листата и останува на врвот цели 9 недели.

1990 година, The Verve го имаат свој прв настап во живо во „Honeysuckle pub“ во Wigan.

1991 година, Nirvana одржува концерт во The Roxy Theater во Лос Анџелес, каде што ги поканува своите обожавателите да присуствуаат на снимањето на нивниот спот „Smells Like Teen Spirit“. Стотици обожаватели ќе бидат дел од снимањето на спотот.

1995 година, шпанското поп дуо Los Del Rio го издава синглот „Macarena“ во Америка. Песната станува светски хит во 90 тите.

1995 година, Garbage го издаваат истоимениот деби албум. Познати хитови од тој албум се „Queer“ и „Only Happy When it Rains“.

2009 година, на првиот концерт од нивната 360 турнеја во Велика Британија, U2 го соборува рекордот на посетеност на стадионот Wembley, каде концертот го следат  88.000 фанови. Со тоа го „рушат“ рекордот од концертот на Rod Stewart во 1995 година на кој имало 83.000 посетители.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …