Роденденски Концерт на „The Hounds“

Со концерт во родниот Прилеп, бендот „The Hounds“ ќе прослави 15 години од своето постоење. Концертот ќе се одржи во среда на 16 август во прилепската чаршија наспроти клубот „Калинка“.

Стотици настапи зад нас, милиони насмеани лица, два издадени албуми, илјадници рефрени, изградивме кариера со тоа што сакаме да го работиме и ништо од тоа немаше да е возможно без вас, наша верна публико. Затоа ќе пробаме да ви се оддолжиме за сето ова што ни го овозможивте низ сите овие години. Ви ветуваме многу музика, одличен звук и светло, публика од цела Македонија, најубавата гужва ќе е во Прилеп велат од „The Hounds“.


Се надеваме дека во блиска иднина ќе имаме можност да ги видиме момците од The Hounds и на некој фестивал на кој ќе можеме да ја слушнеме нивната авторска музика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …