Е-КАПИТОЛИЈАДА: Еко маски за првоаприлски насмевки во Аеродром

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирани на првоаприлското дефиле во Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.

На првоаприлското дефиле право на учество ќе имаат сите деца од општина Аеродром, и тоа ученици од 1-во до 9-то одделение, кои ќе изработат креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.


Во Капитол мол во период од 25-ти до 31-ви март, на првиот кат, ќе биде изложена креатива, каде сите деца кои изработиле маска од електричен отпад ќе треба да се фотографираат. Фотографиjaта треба јавно да биде споделена на социјалните медиуми со соодветен хаштаг од #capitolmall, #нулаотпад, #oпштинааеродром и да се означипрофилот на Капитол мол со цел комисијата да пристапи до сите објави. На 1-ви Април, 20 деца кои ќе соберат најмногу лајкови на сликата ќе бидат поканети на првоаприлскотодефиле во Капитол. Маската треба да биде индивидуална, не групна.

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски кои ќе бидат изгласани од жирото на Е-КАПИТОЛИЈАДА, ќе обезбеди три главни награди. Прва награда хуаборд, втора награда дрон, и трета награда паметен часовник. За останатите учесници на карневалското дефиле, Капитол мол подготвувадополнителни изненадувања.


Организаторите ги повикуваат сите да се приклучат на оваа ЕКО кампања и да бидат дел од првоаприлското дефиле на ЕКО маски во Капитол мол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …