(ВИДЕО) „Некст тајм“ ја промовираше новата преработка: „Нешто ќе те питам бабо“ ги нашла браќата!

Синоќа малата сала во „Драмски театар“ беше претесна да ги прими сите љубопитници на новата преработка на „Некст тајм“. Тие овојпат ја претставија „Нешто ќе те питам бабо“…

По преработките на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, кои станаа големи
хитови, близнаците Мартин и Стефан повторно се решија за нова верзија на македонска
народна песна. И за оваа песна, како и за претходните две, аранжманот го направи
познатиот музичар Никола Мицевски, автор на речиси сите хитови од последните два албуми
на Каролина Гочева.


„Ние не ја баравме оваа песна, таа не најде нас. Извинување за сите оние кои немаа место да седнат. Кога ја промовиравме ’Ја излези Ѓурѓо’, беше скромно. За ’Слушам кај шумат шумите’ имаше повеќе луѓе. Но сега, по ова, се надевам дека ќе наполниме поголема сала како нашиот колега Лозано“, рекоа „Некст тајм“ на промоцијата.
Спотот е уште една емотивна, филмска приказна на браќата Филиповски, која собра многу аплаузи по премиерата. Во видеото интересен момент е црвено-црното знаме на „Вардар“.
Присутните на крај скандираа „Македонија“. Освен нив двајца, играат и многу статисти.
Режисер е Огнен Шапковски, а директор на фотографија Кристијан Теодоров.
Не се потребни многу зборови, уживајте во прекрасната македонска песна во изведба на „Некст тајм“:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …