Во рамките на Меѓународниот Фестивал на Класичната Камерна Музика – Скупи КамерФест 2023, вечерва со почеток од 19:30 часот во НГ – Даут Пашин Амам, ќе може да го проследите концертот на прекрасното дуо од Австрија со Јоханес Флајшман на виолина и Филип Шојхер на пијано.
Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, а влезот е слободен.
Со задоволство ве очекуваме да ја споделите музичката магија со нас.