„Петар Пан“ – детска балетска претстава

Денес, во театарот Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Велес, со почеток во 12:00 часот ќе биде прикажана детската балетската претстава „Петар Пан“.

Петар Пан – (вечното дете во нас) новата балетска претстава наменета за сите возрасти на М-соунд продукција и Арт Балет од Скопје.


„Петар Пан“, е повторна средба на гледачите со ризницата на светската класична литература за деца. Петар Пан – детето кое никогаш не сака да порасне и е детето кое секој од нас сака да го задржи во себе засекогаш. Што има поубаво од тоа: соништата кои ги носиме во себе понекогаш да се исполнат, или пак најчудните авантури кои сме сакале да ги доживееме да ни се случат и од вербата во тоа дека доброто секогаш го победува злото!
Со многу имагинација, хумор, музика и смеа гледачите ќе доживеат фантастични моменти во
земјата Недојдија. Ќе полетаат со нашите херои со помош на волшебниот прав. Ќе се сеќаваат на игрите од детството на пирати и Индијанци. Тоа е накратко приказната за Петар Пан која впрочем е изведена од деца кои се на иста возраст со своите другарчиња во публиката, со тоа се прави неоткинлива алка помеѓу двата света на децатата преку бајка да ги визуелизираат своите омилени ликови од својата имагинација и реалност.

Ваквиот тип на интерактивност помеѓу гледачот и актерот создаваат силен карактер на детето во себе.


Во детската балетска претстава Петар Пан играат 112 деца ( поделени во 2 постави за изведби ) и гости солисти од Националната Опера и Балет. Оргиналноста на оваа претстава, балет за деца – ПЕТАР ПАН- се состои во тоа што, претставта нема класичен наратор туку либретото се раскажува преку песнички кои Sвончица ги пее во текот на целата претстава. Детската балетска претстава Петар Пан е наменета за секоја возраст.

Музика: Владимир Дојчиновски
Сценарио и Либрето: Ристо Самарџиев
Кореограф и Режисер : Ирена Лозинска
Продуцент и Менаџер: Тамара Ѓурчиновска
Сценограф: Љупчо Јованов и Красничи Крон
Костимограф: Елена Вангеловска
Продукција: М-Соунд и Арт Балет
Цена на билет 250 денари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Детска работилница – дизајнирај го велосипедот од своите соништа

Донесете ги вашите најмили на креативно дружење денес во Јавна Соба со почеток во 11:00 …